Естетска Стоматологија (Digital Smile Design)

  • Home
  • Естетска Стоматологија (Digital Smile Design)
Image
Shape1
Shape2
Естетска Стоматологија (Digital Smile Design)

Ламинати (Veneers) – фасетки на заби

Видови на ламинати кои се изработуваат (фасетки на забите) :

1. Керамички ламинати и Циркониумски Ламинати.

Ламинатите се тенки лушпи од керамички матријал кои се прицврстуваат на предната страна од забите.

Се изработуваат по најсовремен принцип на работа со директно вклучување на најсовремената CAD-CAM технологија.

 

На почеток пред да се започне со препарација на забите, се скенираат со дигитален интраорален скенер, понатаму со помош на специјален софтвер се дизајнира насмевката како ке изгледа во иднина.

При овој тип на изработка, минимално(слој од 0.5мм) се состружува дел од предната страна на забите.

Потоа повторно се прави дигитален скен со интраорален скенер.

При наредната посета фасетките се изработени, а пациентот е активно вклучен низ секоја фаза од при изработка на естетската конструкција.

2. Фасетки изработени од високо квалитетен нанокомпозит.

Овој тип на фасети се изработува во ординација со дирекно слоевито нанесување на нанокомпозит со претходно изработен mock-up со кој може да му се прикаже на пациентот како ке изгледа финално неговата насмевка.

Професионално белеење на заби

Оваа метода која ја употребуваме во нашата ординација претставува безболна и безбедна процедура. Основата на системот е водороден пероксид во облик на гел кој се нанесува на Вашите заби и специјална УВ ламба која не загрева и не ги оштетува забите туку има улога да го убрза процесот на нивното белење.

Во текот на белењето гингивата се заштитува со посебен гел, се нанесува средството за белење во две до три фази од по 15 – 20 минути и притоа целата процедура трае околу 90 минути за да се дојде до финалниот резултат.

Приказ на клинички случаи сработени во Евродент

 

Изработка на 4 естетски композитни ламинати.

 

Корекција на лев и десен латерален инцизив со изработка на композитни ламинати и целосно имитирање на бојата со останатите заби.

 

Изработка на 4 естетски композитни ламинати.

 

Корекција на лев и десен латерален инцизив со изработка на композитни ламинати.