При изработка на сите видови забни коронки кои се дел од секојдневната пракса во нашата ординација се употребува дигитален интраорален скенер од најнова генерација за да се добијат прецизни параметри од забите од една страна и за да може да се изработат што е можно поестетски и биолошки прилагодени изработки од друга страна.
При тоа низ фазите на изработка пациентот е целосно вклучен во секоја од нив.
Целосно контурирани циркониумски коронки кои се изработуваат на начин при кој целосно дигитално се дизајнираат во завршна форма.
При овој начин на изработка дигитално се дизајнира само основата на денталниот мост или коронката,а потоа се нанесува порцеланска фасета за целосна изработка на мостот или коронката.
Претставуваат керамички коронки кои се карактеризираат со висока естетика од една страна и доволна цврстина од друга страна.
Коронки и мостови чија основа е метална. Се добива истотака со компјутерски дизајн кој подоцна се трансформира во принтана основа, а потоа истата се фасетира со порцелан.
Естетска и функционална реконструкција на горен фронт (замена на метал-керамички мост со фасетирани циркониумски коронки)
Естетска и функционална реконструкција во бочна регија со санирање на воспалението на непцата, отстранување на метал-керамички и изработка на тричлен циркониумски мост
Естетска реконструкција во горен фронт. Изработка на 4 фасетирани циркониумски коронки со употреба на smile design технологија.
Естетска и функционална реконструкција на забите во горната вилица со изработка на 2 фасетирани циркониумски мостови.
Естетска и функционална реконструкција во бочна регија со изработка на 2 тричлени циркониумски мостови