CAD – CAM Протетска стоматологија

  • Home
  • CAD – CAM Протетска стоматологија
Image
Shape1
Shape2
CAD – CAM Протетска стоматологија

При изработка на сите видови забни коронки кои се дел од секојдневната пракса во нашата ординација се употребува дигитален интраорален скенер од најнова генерација за да се добијат прецизни параметри од забите од една страна и за да може да се изработат што е можно поестетски и биолошки прилагодени изработки од друга страна.

При тоа низ фазите на изработка пациентот е целосно вклучен во секоја од нив.

 

Видови на забни коронки:

Циркониумски коронки и мостови

1. Full zirconia crown

Целосно контурирани циркониумски коронки кои се изработуваат на начин при кој целосно дигитално се дизајнираат во завршна форма.

 

2. Порцелански фасетирани циркониумски коронки

При овој начин на изработка дигитално се дизајнира само основата на денталниот мост или коронката,а потоа се нанесува порцеланска фасета за целосна изработка на мостот или коронката.

 

Е-max литиум дисиликатни целосно керамички коронки.

Претставуваат керамички коронки кои се карактеризираат со висока естетика од една страна и доволна цврстина од друга страна.

Метал – керамички коронки и мостови(со употреба на дигитална принтана основа)

Коронки и мостови чија основа е метална. Се добива истотака со компјутерски дизајн кој подоцна се трансформира во принтана основа, а потоа истата се фасетира со порцелан.

 

Видови на протези:

  • Тотална/парцијална протеза
  • Визил протеза
  • Визил протеза со атечмени и коронки

Приказ на клинички случаи сработени во Евродент

Естетска и функционална реконструкција на горен фронт (замена на метал-керамички мост со фасетирани циркониумски коронки)

 

Естетска и функционална реконструкција во бочна регија со санирање на воспалението на непцата, отстранување на метал-керамички и изработка на тричлен циркониумски мост

 

Естетска реконструкција во горен фронт. Изработка на 4 фасетирани циркониумски коронки со употреба на smile design технологија.

 

Естетска и функционална реконструкција на забите во горната вилица со изработка на 2 фасетирани циркониумски мостови.

 

Естетска и функционална реконструкција во бочна регија со изработка на 2 тричлени циркониумски мостови